Скандал од 25 милијарди евра: Најголемата тајна на “Volkswagen” е случајно откриена од страна на студент

Точка

19/10/2017

16:25

17.480

Големина на фонт

а а а

Да било онака како што сакале родителите на младиот Марк Беш, автомобилскиот гигант “Volkswagen” би бил побогат за цели 25 милијарди евра. Швајцарецот од Бил сосема случајно го разоткрил скандалот во врска со дизел моторите, пишува германскиот весник „Шпигел“.

Беш и двајца негови колеги од универзитетот во Западна Вирџинија истражувале како “Volkswagen” успеал да направи дизел мотор кој испушта толку малку издувни гасови.


Институтот за истражување на издувните гасови имал доста искуство со вакви тестови, како и сопствени уреди за мерење на емисијата на издувни гасови со кои тестирале во реални услови. 

За време на ваквите тестови, возилата обично се поставуваат во гаража на тркалата преку кои се симулира движење во сообраќајот. Во такви услови, одговарачкиот софтвер може да покаже погрешни резултати. Но, такво нешто не е возможно со тестовите кои ги направиле Беш и неговите двајца колеги на отворено. Резултатите биле запрепастувачки: тестираниот “Volkswagen Passat” исфрлил 20 пати повеќе штетни материи од дозволеното, а “Volkswagen Jetta” дури 25 пати повеќе.


“Си помисилив да не правам нешто погрешно. Дали е сè во ред со инструментите?”, вели Беш кој тогаш бил на докторски студии. Проверките потврдиле: “Volkswagen” системски го манипулирал софтверот во возилата.

“Воопшто не ни беше целта некого да уништиме или да му создадеме сериозни проблеми. Тоа беше само еден мал истражувачки проект кој се разви во нешто покрупно”, вели студентот.

По аферата, неговиот живот станал многу постресен.

“По првите известувања во медиумите за овој скандал знаев дека мојот живот како нормален студент и инженер е завршен”, изјавил Беш.


Неговата мајка тоа го потврдува, но вели и дека доколку тој ги следел нивните планови, ништо од ова немало да се случи. Неговиот татко заедно со неговите двајца браќа има свој автомобилски сервис во Швајцарија, кој Марк требало да го преземе еден ден. Но, тој одлучил дека сака да се занимава со истражувања. Откако завршил машински факултет во Бил, тој отишол во Западна Вирџинија.

Денес Марк е професор-асистент и моментално работи на истражувачки проект за издувните гасови на камионите. Дали на повидок е нова афера?

“Сè уште не сме започнале со тестирањата”, вели Марк низ смеа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг