Меланија му се осветува на американскиот претседател: Фотографијата е резултат на сите инциденти низ кои таа поминала?

Точка

23/01/2018

10:32

6.285

Големина на фонт

а а а

Помина една година од моментот кога Доналд Трамп влезе во Белата куќа. Иако во јавноста секојдневно се појавуваат нови детали од животот на претседателот на САД, животот на неговата сопруга Меланија и понатаму останува мистерија.

Меѓутоа, една работа е сигурна – првата дама одлично се снаоѓа кога нејзиниот маж не е покрај неа. Тоа посебно го истакнала преку својата последна објава на Твитер. 

Во неделата, Меланија на својот Твитер профил објавила фотографија на која одлучила да го одбележи јубилејот, но она кое сите го забележаа е тоа што на фотографијата отсуствува токму Трамп.

Нејзината одлука да ја објави ваквата фотографија покрена бројни прашања на интернет, а многумина сметаат дека ова е обид таа да се дистанцира од својот маж и неговите одлуки.

Една од теориите е дека убавата Меланија ја одбрала токму таа фотографија од инаугурацијата поради недоличното однесување на Трамп кон неа на овој настан.

Цел свет имаше прилика да види како Доналд Трамп ја игнорираше својата сопруга, почнувајќи од средбата со брачниот пар Обама кога не ја почека неговата сопруга да излезе од автомобилот туку веднаш тргна да се поздрави со Барак Обама. Такво нешто не направил ниту еден претседател пред него.

Во текот на положувањето на заклетвата, Трамп се свртел кон публиката, а Меланија во таа прилика му се насмевнала. Тој не ја ни забележал што на нејзиното лице веднаш се видело колку е разочарана од неговата постапка.

Она што многумина ги интересира дали таа навистина го сака својот маж?

“Уживав со луѓето кои имав прилика да ги запознаам низ нашата голема земја и светот”, стои во нејзината објава на Твитер.

По ваквата постапка, светот се прашува што е причината за ваквата постапка и дали навистина сака да му се освети на американскиот претседател за неговото однесување кон неа.

Не е тајна дека Трамп во текот на изминатата година не се однесуваше како џентлмен кон својата сопруга во текот на јавните појавувања. Тој често во јавноста одбива да ја држи за рака, а во еден момент дури и ја потапкал по рака пред да ја пушти.

Неодамна, се случи уште еден “инцидент”. Имено, при влегувањето во претседателскиот авион, Доналд Трамп одлучи целосно да си го присвои чадорот и очигледно поважно му беше да ја сочува својата “легендарна фризура”, отколку да ги заштити од дождот својата сопруга Меланија и 11-годишниот син Барон.


А на сето горенаведено може да се додаде и најновиот скандал кој се врзува со претседателот на САД, а тоа е неговата наводна афера со порно актерката Сторми Даниелс. Медиумите пишуваат дека таа имала секс со Трамп во 2006 година, само неколку месеци откако Меланија се породила.


Поради тоа, Сторми добила околу 130 илјади долари за да молчи, а наводно била исплатена само неколку дена пред претседателските избори во 2016 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk