Шокантно тврдење на експертот за криптовалути: “Не е биткоинот измама, туку американскиот долар!”

Точка

31/01/2018

17:03

5.667

Големина на фонт

а а а

Познатиот експерт за криптовалути и програмер Џон Мекафи изјавил дека “до пад на вредноста на биткоинот може да дојде неколку пати годишно, бидејќи банките, владите и поединците на кои криптовалутите им предизвикуваат штета се буквално преплашени”.

“Најголемата банка во САД, “JP Morgan” е уплашена повеќе од било кога бидејќи ризикува да изгуби повеќе од другите и затоа пробува да влијае врз ситуацијата”, вели Мекафи. 

“На пример, кога во септември минатата година, претседателот на банката Џејмс Димон изјави дека биткоинот е измама, вредноста на оваа криптовалута за еден час падна за 40 отсто”, изјавил експертот, а следниот ден му возвратил на Димон дека “биткоинот не е измама, туку американскиот долар”.


“Јас сум еден од најголемите рудари на светот. За рударење на еден биткоин потрошив 2000 долари. Во истовреме, за да направите банкнота од 100 долари ви се потребни 5 центи. Кој од овие проекти е измама?”, прашал основачот на познатиот антивирусен програм.

“Тие постојано пробуваат да направат сè што е можно за да ѝ нанесат штета на најголемата дигитална валута. “JP Morgan” ги ангажираше своите највлијателни советници со цел да шират гласини дека владите ќе ги забранат сите криптовалути. Меѓутоа, владите едноставно не можат да го спречат биткоинот, етериумот и другите криптовалути бидејќи тоа е невозможно”, вели тој.

“Морате да го прифатите овој факт и да се смирите. За една недела, вредноста на биткоинот ќе се врати на нормала или тој рекорд дури и ќе се надмине. Веќе почнува нејзиното “закрепнување”, затоа немојте да паничите и да брзате со негова продажба”.

Според неговото мислење, најсигурна криптовалута во овој момент е Монеро бидејќи тоа е единствената широко користена дигитална валута која пружа целосна анонимност.


“Што се однесува до криптовалутата наречена Рипл, познато е дека нејзината цел е соработка со банките и службените структури”, изјавил Мекафи, но верува дека истата нема да успее “бидејќи не може во потполност да биде децентрализирана”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk