Илон Маск со едно видео ги замолче сите кои веруваат дека Земјата е рамна

Точка

08/02/2018

15:39

5.843

Големина на фонт

а а а

Илон Маск на Твитер неодамна ги замолче сите поборници на теоријата дека планетата Земја е рамна. Целата расправа започна уште во ноември, а неговиот одговор го чекавме досега.

Кон крајот на ноември минатата година, Илон поставил прашање на својот Твитер профил зошто не постои теорија за рамен Марс.  

На тоа, организацијата “Flat Earth” му одговорила:

“Еј Илон, благодарам за прашањето. За разлика од Земјата, ние имаме докази дека Марс има кружна форма”.

Дискусијата тука запрела, но два месеци подоцна, Маск во вселената испрати примерoк од електричниот автомобил Tesla Roadster.

По успешното лансирање, Илон Маск на својот профил објави поглед од автомобилот во вселената, а на снимката јасно се гледа дека нашата планета има кружна форма, токму како и Марс.

Интернетот, секако ја воочи поврзаноста.

“Ова е големо разочарување за луѓето кои од некоја причина веруваат дека Земјата е рамна”, напишал еден корисник на Твитер.

##https://twitter.com/DylanPal5/status/961002946124288002##

“Погледнете ја таа рамна Земја”, искоментирал друг додека трет се пошегувал: “Хаха, добар обид. Сите знаеме дека Земјата е рамна, пријателе”.

##https://twitter.com/fullcoarsemeel/status/961000812322410497##

Набрзо се огласила и организацијата “Flat Earth” со својот одговор:

“Луѓето кои веруваат дека Земјата е кружна бидејќи “виделе автомобил во вселената на интернет” се најверојатно нова верзија на луѓето кои сметаат дека нешто е вистинито само затоа што било на телевизија. Тоа е слаб аргумент. Зошто било која приватна компанија би сакала да ја објави вистината?”, се прашуваат тие.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk