Сам се шиша, “не оди во тоалет”: Чудни факти за Ким Јонг Ун, најмладиот диктатор на светот

Точка

20/02/2018

15:52

5.335

Големина на фонт

а а а

Ким Јонг Ун е најмладиот диктатор на светот и има многу чудна биографија. Лидерот на Северна Кореја е вечна тема за медиумите низ целиот свет.

Еве само дел од чудните факти за него: 

Неговиот датум на раѓање е непознат

Има многу гласини околу роденденот на Ким – некои велат дека тој е роден на 8-ми јануари или 5-ти јули 1982, можеби 1983 или пак 1984 година.

Во официјалните документи е запишана 1982 година, но тоа е само затоа што тој сака да изгледа постаро. Во секој случај, тој е најмладиот претседател на држава во светот.

Неговите веѓи стануваат пократки

На фотографиите низ годините може да се забележи дека нешто чудно се случува со неговите веѓи – тие се скратуваат.


Извори блиски до него тврдат дека тој го прави тоа затоа што сака да личи на својот татко.

Неговото детство е завиено во мистерија

Ким Јонг Ун не ги покажува фотографиите од детството, иако во 2014 година неколку беа прикажани на една церемонија. Но, јавноста се сомнева дека тој е навистина на тие фотографии.

Бирал членови за локален женски бенд

Во Северна Кореја е многу популарна нивната поп музика, но за разлика од кај нас, изведувачите често ги придружува воениот оркестар и во спотовите секогаш задолжително е да се прикаже колку убаво се живее во Северна Кореја.

Еден од најпознатите женски бендови во Северна Кореја е бендот “Moranbon”, за кој лидерот лично ја направил селекцијата.


Официјално носи низа ласкави титули

Лидер, ѕвезда, командант и што уште не. Дел од титулите на Ким се: “The highest leader of the DPRK, leader of the party, army and people”, “New star”, “The Brilliant Comrade”, “Genius among geniuses”, “Marshal of the DPRK” итн.

Тој има диплома по физика од универзитетот “Kim Il Sung” и докторат по економија на приватниот малезиски универзитет “HELP”.

Студирал во Швајцарија под друго име

На престижниот универзитет во Берн, Швајцарија, од 1998 до 2000 година, студент од Северна Кореја студирал под името Пак Еун или Непак, како син на член на амбасадата.

Според фотографиите со слаб квалитет од тој период, некои тврдат дека тоа бил Ким Јонг Ун кој во младоста се интересирал за забава и спорт, а не за политика.


Обожува кошарка и пријател е со Денис Родман

Ким Јонг Ун во младоста го обожувал Мајкл Џордан, а во 2013 година го запознал Денис Родман и му го покажал својот личен приватен остров. Оттогаш тие се пријатели.

Тој се смее на речиси сите фотографии

За разлика од останатите политичари кои често се умерени во позирањето, Ким на сите фотографии се смее од уво до уво.

Без разлика дали сади дрвја со студентите или лансира оружје за масовно уништување, Ким не ја тргнува насмевката од своето лице. Со тоа, тој сака да им покаже на луѓето дека е олицетворение на радост.


Сам се грижи за својата фризура

Диктаторот нема доверба во фризерите, па затоа сам се шиша.

Тој “не оди во тоалет”

Барем така пишува за него и за неговиот татко во нивните официјални биографии. Дали луѓето од Северна Кореја навистина веруваат во тоа, останува мистерија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk