Ferrari: Како еволуирале суперавтомобилите од 1947 до 2017 година?

Точка

27/02/2018

15:42

2.596

Големина на фонт

а а а

Ferrari е компанија која сите добро ја познаваат, а овие возила се дефинитивно најпопуларни и најомилени автомобили на светот.

Автомобилската компанија со години произведува најубави и најбрзи автомобили и е носител на многу рекорди. Ferrari стана синоним за луксуз, брзина и естетика, а за тоа се заслужни феноменалните автомобили кои никогаш нема да бидат заборавени. 


Ние одлучивме да ви претставиме видео клип кој ги прикажува сите модели на Ferrari од 1947 до 2017 година. На видеото може да се забележи како се менувала линијата на Ferrari и како од класични “олдтајмери” стигнале до препознатливите спортски линии.


Се чини дека златната ера на Ferrari започнала во 80-тите години, кога фабриката се фокусирала на креирање на препознатливи спортски каросерии и оттогаш, овие возила станаа сон на секој љубител на брзината.

Погледнете го видеото:


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk