Од гејмер до милионер: Младиот Русин “тежи” половина милијарда долари, а неговата идеја за отпочнување на бизнис ќе ве изненади

Точка

02/03/2018

15:59

5.232

Големина на фонт

а а а

Списанието “Forbes” неодамна објави листа на најголемите криптобогаташи, а најмладиот на листата е 24-годишниот Виталик Бутерин, кој на само 19 години ја основал алтернативата на биткоинот – етериум.

Бутерин стана вистинска ѕвезда во светот на криптовалутите и пред “Forbes” да пишува за него. Веб-страницата “Fortune.com” минатата година го смести на листата “40 Under 40” и го нарече “млад гениј кој стои позади втората најпопуларна криптовалута на светот”. 

Роден е во Москва во 1994 година, а кога имал само шест години, тој се преселил со своето семејство во Канада. Од 2007 до 2010 година бил опседнат со играта “World of Warcraft”, но како што вели Виталик, “компанијата “Blizzard” му ја променила омилената магија во играта, па затоа одлучил да се откаже од истата”.

Затоа во 2011 година, во потрага по смислата за животот (како што духовито опишал на својот вебсајт), Бутерин го открил биткоинот, кој веднаш го заинтересирал.


Во 2012 година, тој освоил бронзен медал на Меѓународната олимпијада по информатика. За криптовалутите најпрвин учел од својот татко, а потоа читал сè што ќе нашол на темата за која наскоро и станал експерт.

Следната година запишал и факултет, но сфатил дека криптовалутите му одземаат премногу време, па затоа се откажал од студиите. Остатокот од годината ја поминал патувајќи низ светот, при што ја користел секоја прилика да разговара со експерти за криптовалути.


Откако се вратил во Торонто, тој почнал да работи на развивање на етериум, а останатото е, како што вели тој – историја.

Пазарната капитализација на етериумот денес изнесува 100 милијарди американски долари, а соработува со Мicrosoft, BP и JPMorgan Chase.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk