Пет најчести грешки кои мажите ги прават при носењето фармерки

Точка

09/03/2018

10:39

6.028

Големина на фонт

а а а

Иако најпрво биле креирани како работнички панталони поради својата отпорност, ова парче облека многу брзо станало светски хит и се користи со децении.

Дизајнот на фармерките не е променет од нивното настанување, а тоа само зборува колку се тие добри. 

Мажите се големи љубители на фармерки, но честопати при нивното носење тие знаат да направат грешка и на тој начин да го расипат својот изглед.

Еве кои се најчестите грешки и како да ги одбегнете:

Должина на фармерките

Многумина не знаат дека должината на фармерките треба да биде до глуждот и дека истиот треба да се гледа. Сè што е над глуждот на ногата или под него не е добро и ве прави да изгледате непропорционално.


Светли фармерки за ден – темни фармерки за ноќ

Изгледот на светлите фармерки е сè попопуларен, но треба да знаете дека тие се резервирани само за дневниот аутфит, а темните фармерки се комбинираат за вечерните излегувања. Со тоа ќе направите комбинација која нема да биде премногу упадлива и која ќе одговара на природната светлина.


Фармерките не треба да се гужваат

Доколку вашите ногавици изгледаат згужвано и постојано се прават набори, тоа значи дека фармерките се предолги и дека треба да посетите кројач.


Забуна помеѓу “slim” и “skinny” модели

“Slim” фармерките се малку потесни и ја откриваат силуетата, додека “skinny” фармерките се прилепуваат за кожата како ракавици. Затоа треба да обрнете внимание што купувате и кој модел подобро ви стои. Модните експерти препорачуваат мажите секогаш да одбираат фармерки со “slim” крој бидејќи моделите кои се “skinny” изгледаат смешно на посилниот пол.


Ременот не е задолжителен

Многумина сметаат дека ременот е задолжителен акцесоар и дека фармерките не можат да се носат без него, но вистина е дека во поголемиот дел од случаите ременот може да го расипе изгледот. Фармерките се дизајнирани така што можат да се носат и без ремен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk