Престанал да пие алкохол, последиците не можел ни да ги сонува: “Животот ми се промени од корен”

Точка

09/03/2018

16:29

6.417

Големина на фонт

а а а

Пред две години, животот на Чејн Кобзоф бил очаен. Иако бил во среќен брак, имал две деца и работа од соништата, секое утро се будел со ужасни мисли и главоболка. Освен што емоционално се чувствувал лошо, поради постојаното пиење тој и се здебелил.

Затоа во 2016 година, тогаш 33-годишниот Чејн одлучил целосно да престане да пие, а како што вели, животот му се променил од корен. Почнал да трча со цел да се ослободи од тегобите кои го мачеле. Набрзо сфатил дека може да трча многу повеќе отколку што некогаш мислел, а забележал и дека неговите панталони одненадеж станале преголеми за него. Досега тој има ослабнато 25 килограми. 


По една година, тој се огласил на “Reddit” и утврдил дека тоа што престанал да пие го направил 1000 пати посреќен. Неговата објава набрзо станала хит, а сите биле заинтересирани за промените во неговиот живот.

“Алкохолизмот беше проблем во моето семејство, а јас започнав да пијам на 15 години. Беше нормално да се пие секој викенд, а тоа се претвори во секој ден. Не бев спремен да признаам дека сум алкохоличар, но мислам дека тоа и бев. Не ми се допаѓаше во што се претворив и што алкохолот направи од моето тело. Пробав да престанам со пиење пред две години, по мојата венчавка на која испив сè што видов и повраќав во наредните 24 часа, но издржав само еден месец”, изјавил тој.


Напади на еуфорија

“Престанав да пијам за да се ослободам од тегобите, но не успеав во тоа. Еден ден ја косев тревата во дворот и се чувствував добро, имав потреба да трчам. Никогаш дотогаш не сум трчал, но следната вечер повторно го имав тоа чувство. Ги облеков патиките и истрчав. Трчав околу километар и половина, немам поим зошто ... Но, се чувствував добро”, додал тој.


Неколку месеци откако престанал да пие, тој на моменти се чувствувал многу среќно, пример додека стоел во ред во супермаркет. Набрзо почнал да вежба со тегови, да прави склекови и за прв пат во животот на себе забележал стомачни мускули.

“Јас сега сум среќен, но сигурен сум дека нервирам 90 отсто од луѓето со кои разговарам, бидејќи сум возбуден поради сè што ми се случи. Искрено, само зборувам за фитнес и за тоа дека не пијам”, признал тој и додал дека не му смета што останатите, вклучувајќи ја и неговата жена, и понатаму пијат алкохол.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk