Сашо Поповски - Jazz factory festival: Публиката е жедна за џез звуци

Точка

13/03/2018

13:50

7.719

Големина на фонт

а а а

Од едукативна работилница „Jazz factory festival“ премина во фестивал, од кој организаторите имаат големи очекувања и планови. Годинешната програма е богата со настапи на многу музички имиња, како и со работилници и дебати за поставеноста на џез музиката кај нас.

Фестивалот ќе се одржи во Битола, на летната тераса на Офицерскиот дом, од 18 до 20 мај. За тоа што значи да се организира и создаде ваков фестивал, ни зборуваше неговиот креатор и организатор - џез музичарот и професор на музичка академија Сашо Поповски.


Седум години функциониравте како работилница, за најпосле кога почувствувавте дека е вистинки миг да го создадете фестивалот за џез музика - прв џез фестивал во Битола... Верувам патот беше макотрпен?

Да. Ова е проект кој започнав да го работам во 2011 година како едукативна работилница за млади. Имавме 12 изданија и 3 концерти и конечно оваа година прерасна во интернационален фестивал на кој ќе настапат реномирани артисти со голем професионален багаж зад себе. Покрај концертите тие ќе одржат и работилници за музичари, како и интересна пропратна програма од 2 концерти на студентски бендови кои произлегуваат од џез одделот при музичка академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и дебата на културни работници и новинари на теми блиско поврзани за состојбата на музичката сцена во Р. Македонија, букинг агенти и формирање на интернационална мрежа на фестивали за полесна соработка.


Тешко ли е да се организира, направи концепт за ваков фестивал во маглата од мејнстрим и турбо-фолк музика со која се гушиме со години?

Се разбира дека е тешко бидејќи секој фестивал се подготвува во текот на цела година и сета енергија е насочена на тие 3 дена, на впечатокот кој се остава кај публиката, на етаблирање на градот во културната карта на Европа. Битола е град со долга традиција на културни настани и многубројна публика која е желна за поинаква понуда настрана од мејнстримот, кој насилно се сервира кај популацијата преку медиумите.

Имаме особено плодни џез музичари, ама немаме соодветни клубови и фестивали каде тие би можеле да се промовираат и настапат. Какво е Вашето искуство, со оглед на тоа дека сте џез музичар? Ќе заживее ли таа сцена конечно?

За квалитетно функционирање на секој фестивал или клуб (со готова програма 10 – 12 месеци) треба промена во начинот на финансирање пред се од Министерството за култура, преку отворени повици во текот на целата година и зголемување на вкупниот буџет за култура, носење на регулатива за задолжително финансирање на култура од страна на стопанските субјекти – спонзори, зголемување на средствата наменети за култура на локално ниво – општина, како и формирање на инструмент за заштита на домашните артисти преку зголемување на данокот на добивка кај агенциите кои работат со странски артисти, а со таква мерка и давање на поттик за работа со домашните артисти.


Која е главната цел на фестивалот?

Културна децентрализација преку проект кој доаѓа како спонтан резултат на досегашните изданија на „Џез Фабрика“ кои во изминате 5 години стана препознатливо име за промовирање на џез културата во Македонија. Спојот на авторски џез изведби со едукативни работилници за млади го направија овој проект препознатлив, атрактивен и посетен. Континуитетот на овој проект всушност го прикажува неговиот раст до фестивалска манифестација со регионален карактер.

Раскажете нешто за Вас... настапи, искуства?

Во моментот сум професор на Музичката академија – УГД Штип и шеф на одделот за џез студии. По успешниот албум „Gathering“ го завршив материјалот за 4-от албум со моето трио Иван Бејков на контрабас и Виктор Филиповски на тапани. Минатата година имав мала турнеја во Црна Гора, Котор и Будва, а оваа година имам покана за настап на џез фестивал во Хрватска.


Автентичноста на оваа манифестација се огледува во поинаквиот пристап кон промовирање на џез културата. Преку концерти, работилници, дискусии и промовирање на џез културата, изложба, филм, отворање на темите за музичката критика, пресипитување на македонскиот џез дискурс



Спонзорирани линкови

Маркетинг