“Ти си божица”: Деми Роуз го покажала целиот раскош на своето бујно деколте

Точка

15/03/2018

11:38

6.000

Големина на фонт

а а а

Британската старлета и манекенка Деми Роуз ги воодушевила обожавателите со уште една фотографија во низа на своите секси објави.

На кратката снимка на Инстаграм, Деми го покажала бујното деколте во минијатурно бикини во темнозелена боја, ставајќи популарен ефект со животински уши и нос. 


Неодамна, исончаната старлета се пофалила со својот бронзен тен и извајано тело, позирајќи во црвено-црн костим за капење.

“Јас му припаѓам на сонцето”, напишала Роуз под фотографијата, а обожавателите ја наградиле со 265 илјади лајкови и бројни пофални коментари.

“Ти си божица”, “Совршена си” и “Прекрасна си, Деми” се само дел од коментарите, а судејќи по нејзината досегашна пракса, светот нема долго да чека за нејзините нови објави.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk