Истражување: Кои автомобилски брендови ги имаат најлојалните купувачи?

Точка

16/03/2018

12:34

5.424

Големина на фонт

а а а

Најновата анализа покажува дека Mercedes е највредниот автомобилски бренд на светот, но тоа не значи дека оваа марка на автомобили има и најверни купувачи.

Според опсежното истражување што го спроведе американскиот портал за автомобили Edmunds во САД, најлојални се купувачите на јапонски брендови на автомобили бидејќи кога купуваат следен модел, тие се одлучуваат за возило од истата марка. 

Истражувањето опфатило дури 13,9 милиони возила купени во периодот од 2007 до 2017 година, а резултатите покажуваат дека најлојални се купувачите на Toyota, Subaru и Honda.


Помеѓу првите пет се наоѓаат и два американски автомобилски брендови - Ram и Chevrolet.

Резултатите откриваат дека во 2017 година дури 63% од сопствениците на Toyota се одлучиле повторно да купат возило од истиот производител, во случајот на Subaru тоа го направиле 61% од сопствениците на возила, додека кај Honda 60%.

Најмалку “верни” на својот бренд, според истражувањето, се сопствениците на возила на MINI, FIAT, Mitsubishi, Chrysler, Smart и Dodge.


Кога станува збор за премиум брендовите, и тука на врвот е еден јапонски авто-бренд. Имено, најлојални купувачи се сопствениците на Lexus, кои во 51% од случаите во текот на купување на нов автомобил повторно се одлучуваат за истиот бренд.

По него следат купувачите на Audi (47%) и на Land Rover (40%). Највредниот автомобилски бренд на светот – Mercedes е на четврто место со 39%.

На дното на листата за “верност” на својот бренд се Volvo (26%), Jaguar (24%) и Infinity (22%).


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk