Овој дедо има подобри стомачни мускули од повеќето момци: Еве кои се “виновниците” за неговиот одличен изглед

Точка

16/03/2018

13:58

7.799

Големина на фонт

а а а

Пензионерот и поранешен маринец Бил Хендрикс (68) од Далас, стекнал илјадници обожаватели благодарение на своите неверојатни мускули и фитнес видеа.

На социјалните мрежи, Хендрикс редовно објавува снимки од своите тренинзи во кои се појавува без маица. Како што вели тој, својот изглед го смета за дар, па затоа вежба во теретана најмалку два часа во денот, шест пати во неделата. 


Во седумдесеттите години на минатиот век, Бил работел како шоумен, така што е навикнат на вниманието од публиката. Сепак, тој секако се изненадил кога видел колкаво внимание привлекле видеата од неговите тренинзи, кои започнал да ги објавува на социјалните мрежи пред околу две години.

Како што објаснил тој, некое од неговите видеа било споделено во група која е наменета за мажи-вежбачи кои се постари од 40 години. Од тој момент, почнале да го следат илјадници луѓе кои се интересирале како успева да изгледа на начинот на којшто тој изгледа.

“Мислев дека тоа е добра прилика за да разговарам со луѓето за тоа како да се остане фит и да им покажам како мене ми успева истото”.


Кога станува збор за неговата секојдневна рутина, Хендрикс е многу дисциплиниран, па така секој ден ги јаде истите работи – овес, омлет, пилешко месо и салати и не пие алкохол.

“Сметам дека физичкиот изглед ми е дар и не сакам да го изгубам тоа. Отсекогаш сум бил спортски тип и отсекогаш сум се трудел да останам во форма”, заклучил поранешниот маринец. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk