Џон тврди дека доаѓа од 40-тиот век и носи важна порака: “Имам добри вести за човештвото”

Точка

16/03/2018

15:51

10.395

Големина на фонт

а а а

Во 20-минутното видео кое е објавено на социјалните мрежи, еден маж по име Џон тврди дека доаѓа од далечната иднина и објаснува како светот ќе изгледа во 40-тиот век, од кој наводно допатувал.

Добра вест е тоа што луѓето повеќе нема да работат. Не само што роботите ќе ги извршуваат физичките работи, туку вештачката интелигенција ќе ги врши и оние креативните. 

Како пример ја наведува вештачката интелигенција која ќе дизајнира автомобили. Секако, тој не очекувал луѓето да му веруваат, па затоа покажал и фотографија од таквите автомобили за која смета дека е несоборлив доказ дека навистина доаѓа од иднината.

“Ова е мојот драг DR-18”, изјавил тој, покажувајќи фотографија од летечки автомобил.

Поради брзиот напредок, луѓето живеат подолго и остануваат млади.

“Јас имам 132 години, но изгледам како да имам 20, 25 во споредба со вас”.


Друга прекрасна работа во иднината е тоа што нема сообраќаен метеж. Не постојат домашни миленичиња, а кучињата и мачките можат да се видат само во зоолошките градини. Исто така, луѓето ги уништиле птиците со цел да не им сметаат на летечките автомобили.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk