Конор Мекгрегор е дефинитивно мајстор во својот “занает” бидејќи знае многу брзо да го победи секој свој противник. Харизматичниот Ирец често завршува на насловните страници на познатите списанија, а неговата средба со Флојд Мејведер во рингот ја проследија неверојатен број на луѓе.
Иако поразен, по мислењето на многумина, Мекгрегор излезе од тој ринг како победник, а дефинитивно ги победува своите противници со неговите модни комбинации.
Денеска сме фокусирани на неговата колекција на автомобили, бидејќи неодамна во својата флота, Конор го додаде и луксузниот Lamborghini Aventador Roadster. Со самото тоа, посакавме да откриеме што сè поседува познатиот Ирец во својата гаража.
Rolls-Royce Phantom Drophead Coupe
Lamborghini Aventador Roadster