Четириминутен тренинг кој ќе ви помогне да го елиминирате салото од стомакот

Точка

21/03/2018

13:09

5.954

Големина на фонт

а а а

Салото на стомакот е дефинитивно најтешко за елиминација и веруваме дека голем дел од мажите имаат проблем со вишокот килограми кои се одразуваат токму на торзото.

Затоа денеска одлучивме да ви претставиме тренинг кој ќе ви помогне во оваа мисија. Тренингот е креиран со цел да ви помогне да го елиминирате салото и ќе ви овозможи на најбрз начин да дојдете до стомачни мускули.  


Тоа не значи дека ова е едноставна задача - ваквиот тренинг не е воопшто лесен. Тренингот се состои од неколку вежби кои мора да ги направите: направете 20-30 повторувања од секоја вежба, а потоа одморете 10-20 секунди и преминете на следната вежба. Направете два круга со сите вежби и ваквиот тренинг вежбајте го секој втор ден.

За него ќе ви бидат потребни само 4 минути, но вашиот стомак ќе “гори” така што припремете се за тешки неколку минути.


Секако, не е доволно само да ја правите оваа вежба туку треба и да ја усогласите исхраната и да ги исфрлите сите производи кои дебелеат. Исто така, трудете се да имате квалитетен осумчасовен сон и вежбајте и други видови на вежби во текот на денот.

Првите резултати ќе ги забележите по една недела, но за целосно да го елиминирате салото ќе ви бидат потребни и неколку месеци во зависност од тоа колку ќе бидете упорни и колкава е вашата желба за подобар изглед.

Погледнете го видеото:


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk