Закерберг за CNN: “Профилите за лажни вести од Македонија сакаа да влијаат на изборите во САД”

Точка

22/03/2018

16:40

9.233

Големина на фонт

а а а

Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг за CNN проба да објасни како неговата компанија се најде во центарот на скандалот со протекување на личните податоци на повеќе од 50 милиони корисници.

Во таа прилика, тој ја спомена и Република Македонија. 

“Во 2017 година за време на специјалните избори за Сенатот во Алабама, употребивме нови алатки. Со помош на истите, пронајдовме многу лажни профили од Македонија кои преку пласирање на лажни вести пробаа да влијаат врз резултатот на изборите во американската држава Алабама. Тие обиди ги неутрализиравме. Ова не е квантна физика, имаме многу напорна работа која мора да ја завршиме. Мора да се потрудиме Русија и другите земји да не се мешаат во текот на било што, во овој случај изборите, и да забраниме ширење на лажни вести”, истакна Закерберг.

Светските медиуми пренесоа дека податоците од 50 милиони корисници на Фејсбук, без нивно знаење и одобрување биле испратени на компанијата “Кембриџ Аналитика” која има политички дата центар и која работела на изборната кампања на претседателот Доналд Трамп во 2016 година.

Извршниот директор на Фејсбук вели дека научил од своите грешки и дека ќе се обиде истото да го прошири на својата компанија и заедницата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk