Важно откритие: Научниците пронајдоа нов орган кој се протега низ целото тело

Точка

28/03/2018

15:30

5.759

Големина на фонт

а а а

И покрај тоа што човештвото ја проучува човечката анатомија веќе неколку илјадници години, научниците сè уште откриваат нови тајни за човечкиот организам.

Научници од Лангон, медицинскиот центар во Њујорк, идентификувале нов вид на орган кој би можел да биде најголемиот орган во телото. Имено, она што некогаш се сметаше за густо сврзно ткиво кое се протега низ целиот организам, е всушност мрежа на комори исполнети со течност која служи како еден вид на “амортизери” односно орган за ублажување на удари, пишува “Daily Mail”. 

Ова откритие не само што би нѝ овозможило подобро разбирање на човечкото тело, туку може да даде и одговор на прашањето зошто ракот се шири бргу кога ќе стигне до поединечни делови на телото.

Наречени “интерстициум”, овие поврзани делови се однесуваат како единствено место на проток на течности кои се простираат од површинскиот слој на кожата, преку дигестивниот тракт, белите дробови, уринарниот систем па сè до крвните садови.


Повеќе од половина од течностите во човечкото тело се наоѓаат во клетките, седмина се наоѓа во срцето, крвните садови, лимфните жлезди и лимфните клетки, а преостанатиот дел го сочинува интерстициската (меѓуклеточната) течност.

Научниците наведуваат дека меѓуклеточната течност ја пренесува токму интерстициумот, кој е посебен орган. Тој се состои од силни (колагенски) и флексибилни (еластински) протеини на сврзното ткиво, со меѓуклеточна течност која се движи низ целото тело.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk