Момче на месец Април - Игор Минарков: Во тишина доаѓаат сите одговори

Точка

30/03/2018

09:39

8.977

Големина на фонт

а а а

Крос фит тренерот освен доброто физичко здравје, го негува и она внатрешното, духовното со медитации, литература и престој во природа. Спокојноста и балансот што ги поседува се отсликуваат и во секое негово движење и гестикулација.

Тој е момче на месец Април и го отвара пролетниот дел од календарот... Уживајте! 

Каде би сакале да бидете во моментов?

Тука. Таму сме каде што треба да бидеме. Универзумот е прецизен.


Што Ве прави носталгичен?

Кога сум на одмор, а немам земено шипка и тегови.

Кои се големите промени кои ги направивте во последниве неколку години и зошто? 

Уф. Престанав да пијам алкохол, да пушам цигари, да излегувам навечер. Сето тоа го заменив со многу вода, природа и медитации. Вежбањето нема ни да го споменам за да не бидам здодевен ?. Едноставно, со природната еволуција како и моето лично созревање работите почнаа да си зафаќаат одреден правец. Едноставно, се во свое време. Сега сум многу среќен. Тоа е единствениот доказ дека работите одат на подобро. Престанав да јадам и месо од етичка причина.


Која супермоќ би сакале да ја имате?

Да бидам на повеќе места во исто време.

На кое прашање не сте нашле одговор, иако постојано си го поставувате? 

Па обично одговорите доаѓаат кога сме во целосна тишина. Нема одговор што не постои. Ако има прашање, сигурно има и одговор. Треба само да сме мирни... за да го чуеме.

Најчудното нешто што Ви се случи на патувањето во Гоа?

На патувањето посетив „читање“ на аура. Тоа беше интересна продавница полна со кристали. Битието што работеше таму ми рече да легнам на подот, а потоа врз мене по целото тело постави кристали. Во тој момент ги слушнав зборовите на мојата девојка Марта, а таа не беше со мене во моментот!


Хорор филм или езотерична литература?

Хорор!

Кој е најтешкиот тренинг што досега сте го имале и зошто?

Тренингот „Bull“ зашто има 400 double unders, 100 OVH squats со 60 kg, 100 pull ups и 3.5 километри трчање во комбинација. Ете зошто... И murph со елек не е поарен.


Кога би требало да јадете само една храна до крајот на животот... што би ставиле на мени? 

Пица, пица и пица зашто нема повкусно нешто.

Пишува: Гордана Настевска-Манасијеска
Фото: Бојан Стоилковски
Локација: Хотел „Парк“, Скопје 



Спонзорирани линкови

Маркетинг