Модни правила кои ниту еден маж не смее да ги прекрши

Точка

05/04/2018

11:55

6.513

Големина на фонт

а а а

Кога станува збор за модата, многу е лесно да погрешите. Само една мала грешка може да доведе до тоа да изгледате лошо и да не делувате привлечно.

Затоа, денеска ќе ви помогнеме да ги воочите вашите грешки и да ги научите главните модни правила кои ќе направат да изгледате одлично. 

Никогаш не го закопчувајте последното копче од оделото

Да се вратиме во минатото односно во 1901 година – тогаш во Британија владеел кралот Едвард VII, до 1910 година. Кога тој станал принц, оделата почнувале да ја добиваат својата популарност, но бидејќи Едвард немал витка линија, тој започнал да го откопчува последното копче од оделото со цел полесно да седи.

Поради големата стравопочит на граѓаните кон принцот, односно кралот, тие одлучиле да го следат овој тренд кој останал запишан во правилникот на облекување и до ден-денес.


Обрнете внимание на маиците и кошулите кои можат да се вовлекуваат

Кошулите и маиците кои имаат подолги краеви покажуваат дека тие се дизајнирани да се носат вовлечени во панталоните. Поради подолгите краеви, тие стојат припиено до телото и не се извлекуваат кога се движите. Одбегнувајте да вовлекувате кратки кошули во панталоните бидејќи тоа ќе направи да изгледате непривлечно.


Задолжително посетете кројач

Доколку сте некој кој често носи деловни комбинации и кој сака да купува нови одела, тогаш задолжително посетувајте го вашиот кројач бидејќи нема ништо поубаво од маж во струкирано одело. Посетата на кројач ќе ви овозможи да добиете одело кое совршено ќе одговара на вашата фигура.


Доколку носите одело, тогаш носете и рачна торба

Заборавете на ранците и торбиците доколку сакате да изгледате елегантно. Рачните торби се единствениот избор кога носите посериозна комбинација па затоа потрудете се да набавите модел во кој ќе можете да ги ставите вашите деловни и приватни работи. Секако, заборавете на носењето работи во џебови бидејќи тоа остава непрофесионален впечаток.


Трудете се да ги усогласите боите

Во вашите модни комбинации треба да се наоѓаат максимум три бои, од кои две ќе бидат главни, а една може да биде боја на детали како што се часовникот, вратоврската или чевлите. Доколку се одлучиле за една или две бои, секако нема да погрешите, но секогаш трудете се да имате една неутрална боја која ќе биде лесна за комбинирање како што се црната, белата или сивата боја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk