Русите не играат бејзбол, но годишно купуваат околу 500 илјади бејзбол палки од само една причина

Точка

05/04/2018

18:34

5.693

Големина на фонт

а а а

Бејзболот не е популарен спорт во Русија, но годишно во оваа земја се купуваат околу 500 илјади бејзбол палки кои Русите ги користат во сообраќајните тепачки.

Палките обично ги чуваат во багажникот од автомобилот и ги користат при конфликт со другите учесници во сообраќајот. 

Имено, секој автомобил во Русија има камера која ги снима инцидентите и сообраќајните несреќи со цел осигурувањето, а и полицијата да знаат кој возач е виновен за судирот.


Овие камери снимиле дека во поголемиот број тепачки по судирите се користат бејзбол палки, а со нив возачите удираат по автомобилите, ги напаѓаат другите учесници во сообраќајот или ги користат во одбрана.

Бејзбол палките можат да се купат во сите продавници, па дури и на бензински станици.

Русите можеби не сакаат бејзбол, но палките ги сметаат за особено корисни.

Погледнете го видеото:


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk