Том го продаде MySpace за 580 милиони долари – погледнете како изгледа неговиот живот денес

Точка

10/04/2018

11:45

7.029

Големина на фонт

а а а

Дали некогаш сте се запрашале што прави човекот кој беше соосновач на MySpace и кој ја продаде компанијата за 580 милиони долари во 2005 година?

Том Андерсон го прави она што секој од нас го посакува – патува. Доколку може да се суди по фотографиите кои тој ги објавува, Андерсон ужива во тоа што се повлекол од работата. 


“MySpace Tom”, како што го нарекуваа, одлучил по работата со оваа мрежа да ѝ се посвети на својата страст кон фотографијата. Денес, Том патува низ светот во потрага по убави кадри за фотографирање.

Хонг Конг, Мјанмар, Исланд и Хаваи се само дел од неговите дестинации. Преубавите фотографии ве оставаат без здив, а истите можете да ги видите на неговиот Инстаграм профил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk