Закерберг пред 44-те сенатори: Три одговори кои предизвикаа смеа кај присутните

Точка

11/04/2018

11:54

5.723

Големина на фонт

а а а

Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, сведочеше пред 44 сенатори од американскиот Конгрес поради аферата во која “протекоа” лични податоци на милиони корисници на оваа социјална мрежа.

Тој на сослушувањето објаснил како неговата компанија ја штити приватноста на корисниците и податоците со цел да не бидат злоупотребени за политичка кампања. Закерберг го повтори своето извинување кое веќе го дал за низата проблеми со кои се соочува Фејсбук. 

Ова се најинтересните моменти од сослушувањето:

Дали Фејсбук има монопол? 

Линдзи Грејем, сенатор од Јужна Каролина, го прашала Закерберг дали Фејсбук има монопол. 

Закерберг одговорил “Јас навистина не мислам така”, по што предизвикал смеа помеѓу присутните.

Не споделува информации за себе 

Сенаторот од Илиноис, Дик Дурбин, го прашал Закерберг: “Дали би можеле да го споделите името на хотелот во кој сте престојувале минатата вечер?”. 

“Не”, одговорил Закерберг.

Сенаторот: “Дали со нас би ги споделиле имињата на оние на кои сте им пратиле порака оваа недела?”

“Не би го направил тоа јавно” - одговорил Марк.

Професионален одговор 

Сенаторката Марија Кантвел го прашала Закерберг дали во активностите на Кембриџ Aналитика за време на американските претседателски избори во 2016 година биле вклучени и вработени во Фејсбук.  

На тоа, Закерберг дал дипломатски одговор: “Не можам точно да одговорам, можам да проверам со мојот тим”. 

Најинтересна во целата приказна е информацијата дека по извинувањето на Марк пред Конгресот, акциите на Фејсбук “скокнаа” за пет отсто.  


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk