Mercedes без одговор на Audi A1 и MINI

Супермен

13/04/2018

16:49

2.991

Големина на фонт

а а а

Mercedes и понатаму нема во план да произведува поткомпактни модели, помали од хечбекот од А класа.

Германскиот произведувач нема да ја искористи можноста својата нова механичка платформа со преден погон да ја употреби за развој на нова, помала категорија на возила кои во гамата би заземале место под семејството на А класа, потврди во развоговор за Top Gear првиот човек на Mercedes, Дитер Цече. 


Тоа значи дека Mercedes сепак нема да тргне по стапките на BMW кој разви платформа за модели со преден погон и кој покрај компактните возила на баварската компанија ќе ги користи и брендот MINI (кој е исто така во сопственост на BMW).

Иако уште еден премиум произведувач од Германија – Audi, на купувачите веќе им понуди поткомпактен модел (A1), oвој автомобил во скоро време нема да добие конкурент од “ѕвездата со три краци”.


Одлуката Mercedes да не се натпреварува со моделите на MINI или Audi A1, Цече го објаснува со стравот дека со тоа би се нарушил имиџот на брендот. Освен тоа, трката за поголем раст на производството во толку мал автомобилски сегмент не би донела значаен профит за компанијата.

Mercedes своевремено сепак бил присутен на пазарот и со помали модели, со оглед дека првите две генерации на А класа според концепцијата и димензиите припаѓаат на поткомпактниот сегмент на возила.

Тоа се промени во 2012 година со лансирање на третата генерација во форма на компактен хечбек, а по истите стапки продолжи и новата, четврта генерација на овој модел.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk