La Bandita е првиот 3D тркачки автомобил на светот

Супермен

16/04/2018

11:56

2.206

Големина на фонт

а а а

Технологијата на 3D печатење станува сè помоќна, а сега сме сведоци и на првиот автомобил кој буквално излезе од ваквиот печатач.

Ова е само доказ за брзиот напредок на технологијата и показател како автомобилската индустрија ќе напредува во годините кои доаѓаат. 

Компанијата “Hackrod” е првата компанија на светот која со помош на 3D технологија создаде тркачки автомобил кој навистина изгледа фантастично. Името на овој автомобил е La Bandita и потсетува на автомобилите од времето на Џејмс Дин. La Bandita претставува симпатичен спој помеѓу минатото и иднината.


Оваа компанија нуди опција секој да биде креатор на сопствениот автомобил. Сè што треба да направите е да го однесете својот дизајн и идеа во “Hackrod”, каде со тим на експерти ќе имате можност да го создадете вашето возило од соништата кое ќе биде испечатено со помош на 3D печатач.


За жал, информациите за перформансите на La Bandita и неговата цена сè уште не се достапни, но едно е сигурно – ова уникатно возило нема да биде евтино.



Креаторите на ова возило велат дека ова се првите големи чекори кои ќе ја трансформираат автомобилската индустрија бидејќи во иднина секој ќе може да го изработи своето возило, како и потребните делови за него.


Погледнете го видеото:


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk