Топ 5 намирници за изградба на мускулна маса

Супермен

16/04/2018

13:14

5.063

Големина на фонт

а а а

Храната е неопходна за правилен развој на мускулна маса, а правилниот и умерен внес на намирници е од големо значење.

Протеините се основниот градбен елемент на мускулите и најдобра храна за мускулните влакна. Потребно е дневно да внесете минимум 1 грам протеин на еден килограм од вашата тежина со цел да внесете доволен број на протеини за правилен развој на мускулите. 

Денеска, одлучивме да ви претставиме пет намирници кои ќе ви помогнат да добиете поголема мускулна маса и да внесете доволна количина на протеини на дневно ниво.

Јајца

Јајцата слободно можат да се наречат суперхрана на бодибилдерите бидејќи тие се неверојатен извор на протеини и енергија. Едно јајце содржи 7 грама протеини, а во комбинација со месо и зеленчук ќе добиете неверојатно здрав и нутритивен оброк.


Јаткасти плодови

Многумина забораваат дека кикириките, индискиот орев, бадемот и сличните јаткасти плодови содржат огромен број на протеини. Ова се можеби најздравите и најкорисните намирници кои можете да ги консумирате помеѓу оброците и кои ќе ви помогнат максимално да ја зголемите вашата мускулна маса.


Веј протеин

Иако ова не е класична намирница туку додаток во исхраната, протеините во прав се одличен протеински суплемент кои ќе ви овозможат поголем внес на протеини на дневно ниво и со тоа повеќе енергија и “гориво” за мускулите.


Говедско месо

Говедското месо содржи мноштво протеини, Б витамин и креатин кој влијае на големината на мускулите. Поради тоа, нутриционистите препорачуваат консумирање на говедско месо неколку пати во неделата, во комбинација со зелен зеленчук.


Пилешки стек

Пилешкиот стек можеби е најпопуларната фитнес намирница бидејќи изобилува со протеини и одлично влијае на зголемување на мускулната маса. Иако говедското месо е подобро, пилешкото месо е поевтина намирница која може да се припреми на повеќе начини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk