Полицијата користи хакерски алатки за да ги отклучи шифрираните iPhonе уреди

Супермен

16/04/2018

15:11

1.774

Големина на фонт

а а а

Полицијата ширум САД купува и користи алатки како GrayKey за отклучување на iPhone. Овие алатки овозможуваат пристап до содржината на шифрирани уреди кои биле користени при извршување на разни злосторства и криминал.

GrayKey е прилично скапа алатка, а нејзиниот произведувач не гарантира колку долго ќе може да работи. Алатката се заснова на безбедносните маани на iOS кои му се познати само на произведувачот, а Apple во секој момент би можел да го елиминира тој проблем. Сепак, на органите на власта и на агенциите им се исплати ризикот од користење на GrayKey. 

Неколку органи на власта од различни држави во САД веќе инвестирале во GrayKey, а други, меѓу кои и тајните служби, планираат да го купат.


По објавата претходно оваа година, GrayKey многу брзо стана најпознатиот легален инструмент за отклучување на уредите на Apple. Тој е изработен од страна на компанијата Grayshift, каде помеѓу вработените има и поранешни работници на технолошкиот гигант.

Постојат две верзии на GrayKey: едната изнесува 15.000 долари која може да се користи само 300 пати и мора да биде поврзана на серверот на Grayshift. Верзијата од 30.000 долари може да отклучи неограничен број телефони, може да се користи на која било мрежа и не бара поврзување со Grayshift.


Двете верзии работат така што ги надминуваат ограничувањата во врска со тоа колку пати може да се внесе лозинката во iOS уредот и колку брзо. Штом телефоните ќе се поврзат на GrayKey, системот ја испробува секоја можна лозинка за пристап додека не ја погоди вистинската. Тоа може да трае неколку часа или неколку дена, пренесува Cult of Mac.

Apple е посветен на заштита на приватноста на своите купувачи и компанијата без сомнеж го истражува безбедносниот пропуст кој го има споменатиот уред за отклучување. Доколку тие го решат пропустот, уредите на GrayKey ќе престанат да функционираат.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk