Вистински луксуз: Ѕирнете во гигантскиот приватен авион на саудискиот принц

Супермен

16/04/2018

16:19

3.423

Големина на фонт

а а а

Некои членови на саудиското кралско семејство трошат вистинско богатство на најскапите вили на светот, или подобро кажано – палати, додека други ги трошат своите пари на скапоцени авиони.

Калид бин Салман ал-Сауд не е само брат на крунисаниот принц на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, туку е и саудиски амбасадор во САД.  

Според пишувањата на некои таблоиди, овој принц потрошил осум милиони долари во текот на својот мандат, трошејќи, според наводите, 30 илјади долари на час за луксузниот Боинг 767.


Овој авион има мастер спална соба и доаѓа со 63 места за седење. Неговиот раскошен ентериер е креиран по мерка и може да се натпреварува со ултра луксузните хотелски соби. Авионот доаѓа дури и со приватен канцелариски простор.


Додека сте во овој авион, заборавете на седиштата кои се претвораат во кревет бидејќи тој ви нуди спална соба со два кревети. Купатилото во авионот е веројатно поголемо и полуксузно од купатилата во повеќето домови ширум светот.


Кабинскиот простор се протега на 106 квадратни метри и нуди високи плафони, така што патниците можат да се чувствуваат удобно. Авионот нуди и забава во текот на долгите летови со помош на Wi-Fi конекции, шест DVD плеери со екрани и седум ТВ сетови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk