Фејсбук на нов удар: Компанијата без дозвола од корисниците користела софтвер за препознавање на лица

Супермен

18/04/2018

15:25

1.809

Големина на фонт

а а а

Фејсбук е повторно во средиште на скандал, но оваа недела компанијата е на удар поради својата технологија за препознавање на лицето.

Федералниот судија во САД донел одлука дека Фејсбук ќе мора да се соочи со тужба која тврди дека социјалната мрежа користела технологија за препознавање на лица од фотографиите без дозвола од корисниците. 

Во прашање е технологија која ги скенира фотографиите на корисниците и им сугерира пријатели кои треба да ги тагнат.


Тужителите, група Фејсбук корисници од Илиноис, тврдат дека Фејсбук ги собира и ги чува биометриските податоци на корисниците без никакво известување или нивна согласност.

Компанијата ја користи оваа алатка од 2011 година кога ја лансираше “Tag Suggestions”, опција која им помага на корисниците да ги тагнат пријателите на фотографиите кои ги објавиле.


Од друга страна, Фејсбук тврди дека отсекогаш бил потполно искрен и директен во врска со начинот на кој ја користи оваа технологија.

Оваа пресуда е уште еден удар за социјалната мрежа која е во центарот на скандали во врска со личните податоци на милиони корисници на оваа социјална мрежа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk