Buick Enspire – електричен кросовер со 557 коњски сили

Супермен

18/04/2018

16:41

1.340

Големина на фонт

а а а

Американскиот бренд Buick, член на групацијатa General Motors го претстави својот електричен кросовер Enspire во кинескиот град Вужен.

Далеку поусогласен од Envision и Enclave, овој кросовер концепт се одликува со широка предна маска со спортски линии. 


Спортскиот тон додатно го нагласува динамичната странична линија и масивните задни крила. Дизајнот на задниот дел на возилото го следи предниот, со исто така тенки штоп светла кои се поврзани со хромирана лајсна.

Buick објави само една фотографија од внатрешноста на својот атрактивен кросовер која ја покажува пространата кабина во која доминираат два масивни дигитални дисплеи, контролна табла и мултимедијален систем со кој се контролираат разни опции како опцијата за греење на седиштата.


Со оглед на луксузните амбиции на Buick, не нè изненадуваат деталите од микрофибер и природно дрво и амбиенталното осветлување.

За погонот се задолжени два електромотори кои заедно произведуваат 557 коњски сили, со погон на сите четири тркала и забрзување од 0-100 км/ч. за точно четири секунди.


Buick не ги открил деталите за батериите, а е објавено дека дометот изнесува 600 километри со едно полнење. Благодарение на последната технологија на брзо полнење, батеријата може да биде наполнета до 80 отсто од капацитетот за 40 минути.

Enspire е пред сè предвиден за кинескиот пазар, на кој Buick минатата година продаде 1,2 од вкупно 1,4 милиони возила.


Моделот Enspire ќе ѝ биде претставен на јавноста на авто-салонот во Пекинг на 25-ти април.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk