Marks & Spencer ја претстави новата машка колекција за претстојната сезона

Супермен

19/04/2018

10:02

1.882

Големина на фонт

а а а

Кога станува збор за популарните брендови кои секогаш можат да ги задоволат нашите потреби, тогаш Marks & Spencer е еден од оние брендови кои секогаш прво ги бараме.

Овојпат, оваа модна куќа ја претстави новата машка колекција за пролет/лето 2018 година и со тоа ги воодушевила мажите. 


Станува збор за огромна модна колекција која носи мноштво новитети. Колекцијата е разновидна и содржи различни парчиња за различни типови на мажи. Во оваа колекција може да бирате помеѓу многубројните модели на шорцеви, маици, кошули, џемпери, панталони и јакни, така што ќе бидете спремни за дождливото, но и за топлото летно време.


Marks & Spencer исто така се потрудил да вклучи и феноменални одела во колекцијата, кои ќе ви овозможат да бидете елегантни кога и да имате потреба за тоа.


Светлите бои и користењето на цветни дезени допринесува оваа колекција да биде модерна, елегантна и свежа, па така ќе бидете спремни за новата пролетна и летна сезона.


Секако, во колекцијата се вклучени и модни акцесоари како ремени, торби и капи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk