Saber Interactive: NBA Playgrounds 2 е најавена за компјутер и конзоли

Супермен

19/04/2018

13:03

1.418

Големина на фонт

а а а

Saber Interactive ја најави новата NBA Playgrounds 2 за PC, PlayStation 4, Nintendo Switch и Xbox One.

Како што открива PlayStationBlog, новата игра ќе донесе бројни унапредувања на забавната аркадна формула која светот ја виде во оригиналната игра. 


Играта ќе има база од над 200 НБА играчи, како активни така и оние кои повеќе не играат, со унапредени модели и флуидни анимации.

Онлајн компонентата ќе биде проширена со мод наречен “Playgrounds Championship” и онлајн лиги со неколку дивизии на кои играчите ќе се натпреваруваат меѓу себе, а ќе биде присутна и можноста за споредба на резултатите со другите играчи и пријатели.


Од друга страна, за сите оние кои ќе се одлучат за опцијата “singleplayer”, тука е забавната сезона и НБА шампионатот, како и собирање на специјални играчи во зависност од избраниот тим.

Студиото сè уште го нема најавено точниот датум на излегување на играта, но се очекува таа да се појави ова лето.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk