Се продава Мерцедесот кој Ники Лауда го возеше на Трката на шампиони во 1984 година

Супермен

19/04/2018

14:58

2.484

Големина на фонт

а а а

Автомобилот Mercedes 190 E 2.3-16 кој го возеше познатиот австриски возач на Формула 1, Ники Лауда на Трката на шампиони во Нурбургринг во 1984 година е понуден на продажба.

Со цел да се прослави отворањето на новата патека, биле одржани бројни промотивни настани во текот на тој викенд во мај, 1984 година. Компанијата Mercedes-Benz го искористила тоа за промоција на својот нов автомобил на трката на која учествувале легенди од неколку генерации на Формула 1. 


Помеѓу нив биле и Аиртон Сена и Ален Прост како единствени возачи без титула на прваци на светот. Тогаш тие не ни помислувале што ќе им донесе иднината.

Трката на шампиони била одржана со цел да се промовира Mercedes-Benz 190 E 2.3-16, но и со цел обожавателите да дознаат кој би бил најдобар возач на светот доколку сите ги користат истите автомобили.

Автомобилите биле во фабричка состојба со минимални припреми за трка, но сепак го привлекле вниманието на јавноста. Аиртон Сена го освоил првото место, а веднаш зад него се нашол Ники Лауда. Сепак, она што е најважно, новиот модел на Mercedes тогаш станал вистински хит.

Автомобилот кој го возел Лауда сега е понуден на продажба, во совршена состојба и со оригиналните налепници од трката. Возилото има изминато мал број на километри, а во внатрешноста се наоѓаат специјалните спортски седишта.


Моторот испорачува 185 коњски сили. Мерцедесот се очекува да биде продаден по цена помеѓу 140 и 230 илјади евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk