Овие години вистинска SUV треска го зафати автомобилскиот пазар, па голем број на компании одлучија да се вклучат на пазарот.
Порше, Ламборџини, Бентли, Масерати, Алфа Ромео, Јагуар, а во најава се SUV модели дури и на Ферари и Астон Мартин, меѓутоа еден производител не сака да ја менува својата гама на автомобили и во неа да вметне SUV или кросовер - тоа е Мекларен.
„Јас не сум првиот човек кој вели дека SUV возилата не се ниту спортски, ниту практични“, изјави главниот инжинер на Мекларен, Ден Пери-Вилијамс.
Пери-Вилијамс порача дека тоа е неговиот став и нема намера да го менува и најави дека Мекларен ќе продолжи да произведува исклучително спортски супер-автомобили, односно нема да ја следи SUV треската која што го зафати пазарот.
Пери-Вилијамс порача дека наместо кон SUV модел, Мекларен целосно ќе се насочи кон своите три линии - спрот серијата, супер серијата и ултимативната серија.