382 км/ч: Ова е официјално најбрзиот SUV на светот

Супермен

23/04/2018

10:01

1.563

Големина на фонт

а а а

Светот доби нов лидер кога е во прашање брзината на најпопуларната автомобилска класа.

Јапонец од тронот го симна Јапонецот – новиот најбрз SUV на светот е Nissan Qashqai-R. 

Специјално тјунираната верзија на Qashqai има 2 илјади коњски сили со агрегат од GT-R и достигнува максимална брзина од 382,7 километри на час.


Британската тјунерска куќа Severn Valley Motorsport (SVM) го подготви овој Nissan кој го надмина резултатот на досегашниот рекордер – Toyota Land Cruiser (370 километри на час).


Qashqai на приватната патека долга две милји (3,2 километри) ги надмина дури и суперавтомобилот Koenigsegg Agera RS (356,1 километри на час) и One:1 (351,3 километри на час).

Најмоќната фабричка верзија на Nissan QQ содржи 1.6i DIG-T мотор со 163 коњски сили и 240 Nm.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk