Гугл припрема чет со богата содржина, пораките ќе се испраќаат по пат на СМС

Супермен

23/04/2018

13:11

1.331

Големина на фонт

а а а

Гугл припрема нова чет услуга која ќе ја замени постоечката, а аналитичарите велат дека на корисниците на Андроид ќе им бидат понудени понапредни опции од популарните четови на Епл и Фејсбук.

Компанијата ќе ја реализира оваа услуга во соработка со мобилните оператори ширум светот бидејќи функционира преку испраќање на СМС.  


Корисниците на Андроид ќе можат да испраќаат фотографии со висока резолуција, видеа или гифови и ќе имаат информација кога личноста на која ѝ испратиле порака ја прочитала содржината и кога таа пишува одговор. Исто така, Гугл ќе овозможи и користење на својот асистент по пат на чет.

Се предвидува дека новиот чет ќе го користат околу 350 милиони луѓе до крајот на годината, а тој број ќе се удвои во 2019 година. Унапредените комуникациски услуги на Гугл ќе можат да ги користат три милијарди луѓе.


Во САД веќе е овозможено користење на ваквите пораки преку мобилниот оператор Спринт. Гугл веќе неколку пати проба да направи сопствена апликација за чет, но не успеа да ја стекне популарноста на Месинџер и сличните вакви апликации.

Сепак, некои експерти велат дека овој чет нема да биде заштитен, за разлика од апликациите на неговите ривали. Важно е да се истакне дека пораките се испраќаат преку СМС, а не по пат на интернет.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk