Италија против Германија, или Giulia Quadrifoglio vs. BMW M3 Competition

Точка

23/04/2018

17:43

3.526

Големина на фонт

а а а

Германците се познати како производители на квалитетни и издржливи автомобили, а Италијанците повеќе по супербрзите автомобили со фантастичен стил.

Овој пат, на репертоарот на YouTube каналот на DragTimes се најдоа италијанската Giulia Quadrifoglio и германскиот BMW M3 Competition, два автомобили за кои што е општо познато дека се врвни и едни од најдобарите на пазарот во својата категорија.

Giulia под хаубата има 2,9-литарски V6 twin-turbo агрегат кој што развива 505 коњски сили, додека силата на задните тркала се пренесува преку осумстепенскиот мануелен менувач.


Од друга страна, BMW M3 Competition може да се пофали со 6-цилиндарски, 3.0-литарски турбо мотор кој што развива 444 коњски сили, што значи дека германскиот модел значително заостанува кога станува збор за коњските сили.


Како што најверојатно претпоставувате, во четирите одржани трки, како од „летечки старт“, па така и од „мирување“, сите четири трки ги доби италијанскиот адут - Giulia Quadrifoglio.



Спонзорирани линкови

Маркетинг