Јапонската траса „Татејама Куробе”, една од најстрашните планински патишта, повторно е отворен за туристите.
Се протега низ префектурите на Тојама и Нагано, северно од Токио, во должина од 90 километри и е наречен "Покривот на Јапонија". Трасата нуди неверојатен поглед на планината Татејама со височина од 3,015 метри и малку пониски врвови.
Сепак, најголемата атракција е снежниот тунел низ таканаречената „Голема снежна долина”. Тоа е коридор низ снежни ѕидови високи и до 17 метри.
Прошетката трае околу 50 минути, а рутата ќе остане отворена до 22 јуни кога времето се стоплува и се топи снегот. Се очекува дека повеќе од 5.000 посетители ќе поминат од овде во април и мај.
Возењето на целата траса „Татејама Куробе Алпине” може да трае и до шест часа, а посетителите имаат можност да престојуваат во планините. На приватните автомобили им е забранет пристапот и може да се користи само јавен превоз, вклучително и тунелскиот автобус и најдолгата јапонска жичарница.
Оваа област, исто така, нуди и трекинг рути, недопрени кедарски и букови шуми, вулкански кратери и најстарата планинарска колиба во Јапонија.
Најискусните планинари можат да се обидат да се искачат на врвот на Татејама, од каде може да се гледа се до планината Фуџи.