“Се разбудив со самодоверба”: Направена првата целосна трансплантација на пенис и скротум

Супермен

24/04/2018

10:26

3.200

Големина на фонт

а а а

За прв пат во светот е направена целосна трансплантација на пенис и скротум, на војник кој бил ранет во експлозија во Авганистан, стои во соопштението од болницата Џонс Хопкинс во Балтимор.

Операцијата траела 14 часа, донаторот е починат, а ранетиот војник моментално закрепнува од операцијата и се очекува во текот на оваа недела да биде пуштен од болница. 

“Кога се разбудив по операцијата конечно се почувствував нормално, со одредено ниво на самодоверба”, изјавил војникот чие државјанство не било откриено.

Во соопштението на болницата се наведува дека во тимот, кој го оперирал војникот на 26-ти март, имало девет пластични хирурзи и два хирурзи-уролози.


Лекарскиот тим извршил трансплантација на целиот пенис и скротумот без тестиси, како и дел од абдоминалниот ѕид. По операцијата се очекува пациентот да ги врати своите уринарни и сексуални функции.

Меѓутоа, бидејќи трансплантацијата не вклучувала тестиси, тоа значи дека репродуктивната функција не е возможна.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk