Кинезите смислиле генијална идеја за спречување на пешаците да поминуваат на црвено

Супермен

24/04/2018

15:46

2.736

Големина на фонт

а а а

Локалните власти во градот Даје во кинеската провинција Хубеј смислиле нов начин како да ги одвратат пешаците од поминување на улиците на црвено светло.

Имено, сите нетрпеливи пешаци кои не го чекаат појавувањето на зеленото светло ќе бидат испрскани со вода. 

Полициските функционери го одобриле инсталирањето на пет жолти столбови на секој пешачки остров, на една од најпрометните крстосници.


Столбовите се опремени со неколку методи кои се наменети да ги одвикнат пешаците да ги поминуваат улиците на црвено светло.

“China Daily” пренесува дека столбовите се опремени со звучен систем кој ги информира пешаците кога е во ред да ја преминат улицата со зборовите: “Светлото е сега зелено. Ве молиме брзо преминете ја улицата и внимавајте на вашата безбедност”.

Втората порака им вели на пешаците да не тргнуваат прерано: “Ве молиме да не ја преминувате улицата. Ќе бидете испрскани со вода”.

За оние кои ќе се спротивстават на ваквото предупредување, “заканата” ќе биде исполнета бидејќи сензорите за движење ја регистрираат личноста која ја преминува улицата пред промената на зелено светло и ја прска со вода.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk