Малдиви ќе отвори "прва" подводна хотелска резиденција во светот

Точка

24/04/2018

17:17

5.856

Големина на фонт

а а а

Луксузното одморалиште на Малдивите наскоро ќе го подигне феноменот „спиење под морето” на сосема ново ниво. Комплексот „Conrad Maldives Rangali Island” гради двокатна хотелска вила од 15 милиони долари, од која еден дел ќе биде 5 метри под површината на Индискиот Океан.

Имотот, за кој се верува дека е првата подводна резиденција во светот, се гради во земјата на јужно азискиот остров и треба да биде завршен во ноември.


Резиденцијата се вика „The Muraka” (корал), и нејзината цел е да им овозможи на гостите кои доаѓаат тука "интимно и извонредно искуство на една од најголемите и најмагични морските средини на Земјата".


Има сала за вежбање, бар, инфинити базен, соби за батлери, када која гледа кон океанот и најважно, подводни спални со неспоредлив поглед во океанот. Поврзан со горното ниво со спирални скалила, подводниот апартман ќе биде составен од огромна спална, дневна соба и бања.


Највисокото ниво, кое исто така, има палуба за релаксација каде може да се следи изгрејсонцето, изнесува 550 квадратни метри, додека подводните делови зафаќаат површина од 102 квадратни метри. „The Muraka”, која може да прими до девет гости, ја градат специјалисти за подводен дизајн „М.Џ. Марфи” ООД.


Ова го одбележува вториот потфат на „Конрад” хотелите и одморалишта во подводната архитектура и технологија – првиот беше подводниот ресторан  „Ithaa”, кој се отвори во истото одморалиште пред 13 години и беше изграден од истиот консултант за дизајн од Нов Зеланд.


Вилата е дизајнирана во сличен стил на „Ithaa”, со закривена купола со 180 степени панорамски поглед на морскиот живот кој ја опкружува.

Постојат повеќе подводни хотели и одморалишта, но се смета дека „The Muraka” е првата подводна „вила” и секако технолошки најнапредна.


Поставен на два приватни острови поврзани со пешачки мост на атолот Алиф Даал, комплексот „Conrad Maldives Rangali Island” исто така, е дом на 12 наградувани ресторани и барови, вклучувајќи го и „Ithaa” и два спа центри.


„Conrad Hotels & Resorts” стана првиот меѓународен хотелски бренд што влегол на пазарот во Малдивите, кога одморалиштето започна како „Хилтон Малдиви Резорт и Спа” во 1997 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг