Конкуренција на Xiaomi: Asus го претстави новиот паметен телефон

Супермен

24/04/2018

16:43

1.203

Големина на фонт

а а а

Компанијата Asus го претстави новиот паметен телефон кој е наменет за индискиот пазар, а истиот претставува ривал на бројните кинески уреди.

Тоа особено се однесува на популарниот Redmi Note 5 Pro на Xiaomi. 

Станува збор за паметен телефон наречен ZenFone Max Pro M1 кој има многу сличности со ривалот, вклучувајќи 6-инчен LCD екран со резолуција од 2160х1080 пиксели, Snapdragon 636 процесор и можност за препознавање на лица.


Меѓутоа, ZenFone има неколку предности над Redmi, а тоа е поголемата батерија од 5000 mAh, посветол екран и контраст на пикселите, како и најновата верзија на оперативниот систем Android - 8.1 Оreo.

Кога станува збор за камерите, ZenFone и Redmi се изедначени бидејќи и двата телефони поседуваат задни камери од 13 и 5 мегапиксели. Иако главната камера на ZenFone од 13 MP има малку подобра резолуција, предната камера од 8 MP е послаба од селфи камерата на Redmi.


Redmi Note 5 Pro со 4 GB RAM и 64 GB SSD меморија изнесува 165,25 долари. Тука е верзијата со 4 GB RAM и 64 GB SSD по цена од 195,30 долари. Од Asus велат дека новиот паметен телефон е “составен” врз основа на резултати од истражувања во кои учествувале 2 илјади лица.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk