Том Харди се претвора во стрип херојот „Веном”

Макфакс

24/04/2018

21:41

5.392

Големина на фонт

а а а

Најновиот трејлер за филмот „Веном”од режисерот Рубен Флејшер го претстави Том Харди во улога на Еди Брок, кој подоцна станува стрип херојот Веном, и можам да кажам дека сум многу пријатно изненадена, навистина трејлерот е лудница.

Sony Pictures не открива многу во првиот краток трејлер од остварувањето на Флејшер, но првиот официјален трејлер ја одушеви нетрпеливата публика.


Веном е вонземјанин составен од течна лигава супстанција на која и треба тело-домаќин односно човечко суштество за да има сила . Кога преку процес на симбиоза се поврзува со човекот, се создава Веном. Тој првично беше негативец, но со текот на времето стана антихерој како Дедпул. Иако се појави само еднаш во филмовите и не е добро прикажан, Веном со години се појавува во стрипови и е еден од главните ликови на Марвел.


Првиот познат домаќин на Веном беше Спајдермен кој конечно се одвои од него кога сфати дека тој сака да ги повредува луѓето, а не да ги заштити.


Покрај Харди, некои од актерите кои ќе се појават во филмот се Мишел Вилијамс, Риз Ахмед, Скот Хејз и Рид Скот. Продуцентите на филмот се Ави Арад, Мет Толмах и Ејми Паскал.

Филмот треба да пристигне во кината на 5 октомври оваа година. Ќе биде интересно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг