Ченинг Тејтум тешко се прилагодува на разделбата од Џена Деван

Точка

24/04/2018

22:23

7.313

Големина на фонт

а а а

Ченинг Тејтум, наводно, има потешкотии да се прилагоди на неговиот нов живот откако го објави разделувањето од сопругата Џена Деван.

Извор изјави за People дека разделбата била тешка за 37-годишниот Тејтум, кој во заедничката изјава со Деван, претходно овој месец, изјави дека одлучуваат да се разделат со сопругата после девет години брак.


"Секогаш ја имал Џена и нивното семејство, имал кај кого да се врати дома, па бидејќи разделбата сега е официјална, тоа е големо прилагодување за него", изјави изворот за магазинот.

И додека Ченинг тешко се прилагодувал на ситуацијата, Деван (37), наводно, е подобра бидејќи нејзиниот "живот навистина не се менува ... ако нешто се сменило, е дека таа е само позафатена", рече изворот. Џена се врати на снимање на нејзиното претстојно ТВ шоу "Mixtape" само неколку дена по објавувањето на разделбата.


Џена, исто така, е активна на нејзините профили на социјалните медиуми. Таа го отстрани "Тејтум" од нејзините профили и објави фотографија од неа на плажа со зборовите: "Ви благодарам луѓе за вашата љубов. И јас ве сакам. "


"Џена е одлично. Изгледа многу енергична и возбудена за нејзиниот живот. Многу ѝ беше тешко да ја објави разделбата. Таа долго време, не сакаше тоа да се случи", изјави друг извор за People.


Тејтум допрва треба да се обрати на јавноста за разделбата, но тој викендов беше забележан со Арие Лујендик Џуниор на тркачката патека во Алабама, и ова е неговото прво појавување во јавноста после разделбата.


Ченинг и Џена првпат се сретнаа во 2006 година на сетот на филмот "Step Up" и почнаа врска кратко време потоа. Се венчаа во 2009 година и имаат една ќерка. Во заедничката изјава, двојката рече дека тие заеднички одбрале да се разделат и додадоа дека нема никакви тајни ниту пак лоши работи што ги натерале да го преземат овој чекор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг