Сакал да ја изнервира девојката, па се покајал: Го научил кучето на нацистичкиот поздрав, и сега скапо плаќа за тоа

Точка

25/04/2018

09:41

5.220

Големина на фонт

а а а

Шкотланѓанецот кој го научил своето куче да го прави нацистичкиот поздрав и ги објавувал неговите снимки на ЈуТјуб, е прогласен за виновен за злосторство од омраза и мора да плати 800 евра казна.

30-годишниот Марк Мичен го снимал кучето на својата девојка, Буда, како ја крева предната десна шепа на изјави како "Зиг Хајл" и "Убивај Евреи". 

Снимката која ја објавил на ЈуТјуб во април 2016. година е прегледана повеќе од три милиони пати, а Мичен бил уапсен кратко по објавата.

Мичен на суд изјавил дека го снимил видеото за да ја "нервира својата девојка" Сузан Кели.

Меѓутоа, судијата рекол дека не верува дека тоа бил неговиот единствен мотив и заклучил дека снимката е многу навредлива, антисемитска и расистичка.

Судијата додал дека судот ја земал во предвид слободата на изразувањето, но дека со слободата на говорот доаѓа и одговорност.

Мичел го опишал како интелигентно момче кое знаело дека снимката е навредлива и зошто е навредлива.



Спонзорирани линкови

Маркетинг