WhatsApp забранува користење на апликацијата за лица помлади од 16 години

Супермен

25/04/2018

10:11

943

Големина на фонт

а а а

WhatsApp одлучи да ја помести минималната старосна граница за корисниците во Европа за три години. Корисниците моментално мора да имаат најмалку 13 години, а од следниот месец старосната граница ќе изнесува 16 години.

Одлуката за построгите правила следела во пресрет на воведување на нови правила во Европската унија, кои се поврзани со корисничката приватност. WhatsApp која е во сопственост на Фејсбук ќе бара од корисникот да ги прифати новите услови за користење и ажурираните правила за приватноста во наредните недели. 


Засега сè уште не е јасно на кој начин ќе се потврдува веродостојноста на одговорот со оглед на ограничените податоци кои се бараат.

Втората промена која ја најави овој сервис за комуникација ќе им овозможи на корисниците да преземат извештај за податоците кои тие ги имаат за нив, како произведувач и модел на телефон кои го користат, нивни контакти и групи со сите блокирани броеви.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk