Поранешниот F1 возач Марк Вебер и тениската ѕвезда Марија Шарапова неодамна ја искусија моќта на Porsche 911 GT2 RS.
Претставен кон средината на минатата година, GT2 RS е најмоќниот патнички автомобил со ознака 911, кој го држи рекордот на патеката Нурбургринг за продукциски возила со 6,47 минути.
Овој 911 под хаубата има 3,8-литарски twin-турбо со 690 коњски сили и 750 Nm, а усогласен со седумстепениот PDK менувач со двојно квачило овозможува забрзување од 0-100 км/ч за жестоки 2,8 секунди и максимална брзина од 340 км/ч.
И додека за Австралијанецот Вебер, возењето во 911 е уште еден ден “во канцеларија”, Русинката Шарапова немала премногу искуство со моќни автомобили.
Погледнете како изгледало тоа: