Погледнете го некогашниот дом на Ал Капоне кој се продава за 14,9 милиони долари

Супермен

25/04/2018

12:57

1.943

Големина на фонт

а а а

Имотот на американскиот гангстер Ал Капоне е понуден на продажба по цена од 14,9 милиони долари.

Имотот се наоѓа во Мајами Бич, а по опсежната рестраврација неговата вредност значително пораснала. 


Капоне го купил овој имот во 1928 година, по излегување од затворот Алкатраз, а потрошил 200 илјади долари на изградба на куќата, ѕид со кој е заграден имотот, поставување на рефлектори и други работи. Овој дом останал во сопственост на семејството сè до моментот кога сопругата на Капоне го продала во 1952 година, по неговата смрт.


Куќата е изградена во колонијален стил. Главната вила има четири спални соби и четири купатила. Зад вилата се наоѓа базен како и уште еден објект со тераса која гледа кон морето.


Во вилата се наоѓаат оригинални лустери од дваесеттите години на минатиот век, камин во дневната соба и дрвени врати и подови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk