Инсталација во чест на Дејвид Боуви го „презема” метрото во Њујорк

Точка

25/04/2018

18:12

3.653

Големина на фонт

а а а

Во соработка меѓу „Spotify” и Бруклинскиот музеј, метро станицата Бродвеј-Лафајет во Њујорк беше преуредена во чест на големиот Дејвид Боуви кој почина пред две години.

Инсталацијата е дел од тековната Дејвид Боуви изложба во Музејот во Бруклин, каде што се изложени повеќе од 400 предмети од личната архива на Ѕвездениот човек, како што се костими од концерти, винили, фотографии и рачно напишани стихови од песни.

Се работи за огромни портрети од Боуви на скалилата што водат до станицата Бродвеј-Лафајет. „Преземањето на подземната железница” го истражува влијанието на музичарот врз музиката, модата и културата. Инсталацијата, исто така, вклучува печатени цитати, уметнички дела од фанови и мапи од неговите омилени места во Њујорк. Постои дури и ограничено издание на „Метрокардс” со слики од музичарот од колекцијата на музејот. Секоја „МетроКард” овозможува бесплатен влез на главната изложба, на секој кој ќе ја има таа среќа да ја добие. Надвор пак, картонски исечоци од музичарот во природна големина се поставени насекаде низ градот - од Тајмс сквер до Бруклин и центарот на Менхетен, Зиги Стардаст се враќа во градот!

Инсталацијата ќе биде дел од метрото до 13 мај 2018 година, а изложбата Дејвид Боуви ќе биде изложена во Музејот во Бруклин до 15 јули 2018 година. Па, ако ве носи натаму патот, не ја пропуштајте.









Спонзорирани линкови

Маркетинг