Фитнес мотивација: Одел Бекам Јуниор во припреми за новата сезона

Супермен

25/04/2018

15:18

1.996

Големина на фонт

а а а

Суперѕвездата на НФЛ се “фрлил” на сериозна работа со цел физички да се спреми за новата сезона и да добие нов лукративен договор.

Одел Бекам Јуниор и неговите претставници јасно им соопштиле на главните луѓе на Њујорк Џајантс дека сакаат нов мега договор во вредност од 20 милиони долари годишно, што го прави најплатен ресивер во историјата на NFL.

Додека чека нов договор, Одел започнал со многу ригорозни физички припреми кои имаат намера да го вратат во топ форма кој тој ја изгубил минатиот октомври кога се здоби со тешка фрактура на левиот глужд. 

Овој 25-годишен спортист се определил за крајно екстремен пристап, а неодамна на својот Инстаграм профил објавил видео во кое влече возило, тешко 2.540 килограми.

Овој тип на вежба гради исклучително моќна физичка сила и дефинитивно не е нешто што се препорачува на оние кои не се во врвна форма. Одличниот ресивер сепак е познат по своите нереални брзински способности и неверојатни промени на правците во полна трка.

Овие способности, Одел ги тренира преку низа бројни вежби, како во теретана така и на плажа со отпор од песокот. Погледнете и сами уверете се во неговата неверојатна сила и издржливост.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk